Компанијата којашто ниту еден вработен досега ја нема напуштено


Иако создавањето на компјутерските игри можеби на некои не им изгледа како сериозен бизнис, белградската компанија „Nordeus“ ова го демантира и на домашен и на интернационален терен. Нивната игра „Top Eleven“ која дневно ја играат дури 10 000 000 корисници на „Facebook“, од одамна е најпопуларната спортска игра на оваа друштвена мрежа, а неодамна влезе и меѓу  Топ 10 игри на „Facebook“ на светско ниво. 

20130604-kompanijata-koja-shto-nitueden-vraboten-dosega-ja-nema-napushteno-1Наградите не престануваат да пристигнуваат не само за оваа игра туку и за младата компанија. „Nordeus“ која е прогласена за една од топ 25-те најперспективни и најбрзо растечки компании во Европа, а една од највредните награди со кои се гордеее е „Најдобар работодавец во Србија и регионот во 2012 година“. Поседува партнерство со водечките компании од IT светот и спортот, како што се „Google“, „Facebook“, „Apple“, „Samsung“, „Real Madrid“, „Liverpool“..

Зголеменото медиумско интересирање за оваа фирма создаде мит за совршен работодaвец, што и навистина е. Сите ги споредуваат со „Google“ поради идеалните услови за работа. Но, и покрај тоа, Чавиќ истакнува дека сличноста помеѓу овие две компании се гледа и во технолошкиот напредок и креативноста.

„Google“ како една голема компанија која има голем број производи е на самиот врв, а ние од самиот почеток поставивме некои технолошки стандарди во развојот на онлајн социјалните игри и продолжуваме да се развиваме во таа насока. Како еден од петтте клучни партнери на „Facebook“, имам пристап до нивните најнови технологии и тестови, а тоа нè сместува помеѓу најсилните гејминг компании не само во Србија, туку и во целиот свет.

Медиумската експонираност придонела за зголеменото интересирање за работа во оваа млада компанија. На нивната адреса секојдневно пристигнуваат голем број апликации за работа, а во компанијата тврдат дека постои и попривлечна работа во оваа фирма од самите услови за работа.

Официјално можете да аплицирате за работа во Нордеус Македонија на следниов линк nordeus.mk/jobs

повеќе инфо на – факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1