Пејачот од соседството Даниел Ѓуриќ, кој долги години живеел во Виена, вели дека е пријател со Кончита, но и дека брадестата пејачка која триумфираше на Евровизија била долго време во врска со еден српски пејач, кој на крајот ја прекинал романсата од страв таа да не му ја уништи кариерата.
Ја познавам Кончита уште од времето кога беше Томас. Во тоа време одеше во српските клубови и откачуваше на народњаци. Тогаш и се ќари со еден наш пејач, кој често гостува во Австрија. Името не можам да му го кажам, затоа што сега е среќно оженет”, открил Ѓуриќ и додал дека брадестата пејачка до уши била вљубена во пејачот, но брзо морале да се разделат.
Колку што знам, тоа не беше само авантура. Каде и да настапуваше тој во Австрија обавезно се гледаа со Кончита. Таа баш се вљуби и дури сакаше да дојде со него во Србија. Но, тој не сакаше да ја става кариерата на коцка, а притоа, тука имаше и девојка, која сега му е жена. Беше свесен дека медиумите овде во Србија ќе го распнат. Затоа и раскинаа. Знам дури и дека побара од неа да ги избрише сите заеднички фотографии”, заклучил Даниел.