Во изборната единица број 5 каде се обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ е во предност и има освоено 72.314 гласови, додека СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 70.982 гласови.
Државната изборна комисија досега обработи 98.10 отсто од гласачките ливчиња. Според нивните податоци, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се во водство со освоени 444.001 гласови или 37,94 отсто. СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ освоиле 428.650 гласови или 36,63 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ води во 4 од 6 изборни единици, СДСМ и ДУИ во по една изборна единица.