Семејството Џенкинс е пресреќно што конечно има девојче во семејството – Ејвен ГвинеттЏенкинс е првото девојче родено во семејството Џенкинс уште од 1909 година.
Нејзините родители случајно го откриле овој интересен податок.
,,Тоа беше голем шок за нас. Кога таа се роди почнавме да ја читаме историјата на нашето семејство и откривме дека не се родило девојче цели 103 години,, велат родителите.
Дедото вели дека последната жена родена во семејството била неговата тетка Сара Олвен Џенкинс, родена во 1909 година.
,,Од тогаш мојот татко и неговиот брат имале само машки деца. Сите ние имавме синови, а и мојот син доби машко дете. Ејвен е првото девојче во семејството по толку долго време и сите сме пресреќни, вели дедото.