Конечно место каде децата играт и учат


Водени од фактот дека она што најмногу го сакаат децата е играта и од фактот дека се што учат најдобро го учат преку игра, креиравме место каде децата ќе можат да си играат и да учат едновремено – вака ја почнуват приказната креаторите на детскиот креативен центар кој од неодамна почна со работа.

Центарот е за сите деца на возраст од 5 до 12 години, место каде ќе учат преку игра и место каде ќе се развиваат.

Креативен Центар „Мали Креативци“ е место за децата каде секое дете ќе има можност да ја развие својата фантазија и својата креативност а притоа да биде разбрано од тимот професионалци кои ќе се грижат за нив.

,,децата си играат и дома, но дома сакаме постојано да ја повторуваат онаа мирната игра во која нема да ни додеваат додека гледаме телевизија, нема да направат хаос по дома и секако ќе бидат доволно тивки за да можеме да одмориме после работниот ден, овде ќе може да ја игра омилената игра воден од нашиот тим, а низ секоја игра ќе се учи нешто,, велат од мали креативци.

 

Опфатени се развивање и учење на моториката кај децата за различни потреби, пример како од парче хартија можат да направат едноставен подарок за нивната мајка, баба, сестра или тетка.

За сите деца во Креативниот Центар „Мали Креативци“ ќе се грижи персонал кој е соодветен и обучен за работа со деца а за секоја наредна активност ќе бидат ангажирани професионалци т.е. стручни соработници кои работат на проблематиката која ќе биде спроведена како активност во центарот.

Зошто од 5 до 12 години? 5 до 12 години е критичниот период каде децата почнуваат и во континуитет ја запоставуваат креативноста. Како резултат на новосоздадените обврски за во училиште или од самиот почеток од предучилишните институции децата влегуваат во системот наречен правила на учење. Секое дете се среќава со нови ситуации за кои е потребно време за прилагодување и труд за совладување на новите принципи на функционирање. И веднаш штом децата стапнат на првиот час во училиште добиваат инструкции како треба да функционираат за да бидат добри ученици.

Креативниот Центар „Мали Креативци“ ќе им овозможи на децата сами да осознаат со колкав талент располагаат, ќе им овозможи да сами осознаат што е креација и креирање и креативна работа. Во Креативен Центар „Мали Креативци“ децата ќе имаат можност за една поинаква игра.

Игра кој ќе ги научи како да се справат со предизвиците и дека секој проблем можеби има и други решенија освен она едното за кое ние размислуваме и е комплетно непрактично, ќе им дозволи да сами ги истражуваат можностите и алтернативните решенија за одредени ситуации, ќе се овозможи индивидуална работа за децата која ќе им ја зацврсти сигурноста за нивните можности, квалитети и остварувања.

Креативниот Центар „Мали Креативци“ на децата ќе им овозможи и групни активности преку кои на сите деца ќе им се покаже и укаже на тоа дека групната креација може да биде многу по сложена како плод на повеќе мали креативни умови, секогаш побрзо се решава како резултат на повеќе работна сила но од друга страна мора да се знае дека кога сме во група го правиме она што групата сака да го правиме а не она за што ние се залагаме.

Во креативниот Центар „Мали Креативци“ ќе се заложуваме за следните работи:

* Да создадеме соодветна атмосфера за креирање

* Да обезбедиме одлични услови за работа

* Да направиме соодветна комбинација на дечиња кои ќе си одговараат да бидат заедно во групата

* Да предизвикаме храброст кај децата да секогаш ги изразуваат своите желби, потреби и импресии

* Подигање на самодовербата кај децата

* Будење и поттикнување на креативноста кај децата

* Социјализација на децата

* Натпреварувачки дух кај децата

* И други вредности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1