Конечно: Објавен тендер – Летово ќе се реконструира студентскиот дом „Гоце Делчев“


Министерството за образование и наука денеска објави тендер за избор на градежна компанија што ќе работи на санација на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Процедурата за изнаоѓање најповолен понудувач ќе трае до 19 мај, а очекувањата на надлежното министерство се дека реконструктивниот зафат ќе се реализира во текот на претстојното лето, во периодот кога бројот на студенти кои живеат во домот е најмал. Проектната документација за реконструкцијата на објектот веќе е изготвена. Предвидената вредност на зафатот изнесува 64.750.000 денари без вклучен ДДВ или околу 1.050.000 евра, пренесува порталот Build.mk.

studentskidortghy6yymgd-500x375Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ се најавува долги години наназад, но конкретни мерки за нејзино спроведување дојдоа откако дел од светските медиуми објавија фотографии од ужасните услови во кои живеат студентите во ова здание. Од изградбата во текот на 70-тите години на XX век, врз студентскиот дом „Гоце Делчев“ ниту еднаш не е извршен посериозен санационен зафат. Архитект на објектот е професорот Георги Константиновски, кој за него ја има добиено архитектонската награда на водечкиот југословенски весник „Борба“.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се состои од четири блока и во своите простории може да прими преку 1.200 студенти. Сместувачкиот капацитет е распределен во 544 двокреветни соби, 64 еднокреветни соби за апсолвенти и 54 соби за студенти во брак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1