Конечно: Од Скопје до Софија со редовна линија на „Булгариан Eр“?


„Булгариан Eр“ размислува за воведување редовни авионск линии Скопје-Софија, беше соопштено на работната средба во Македонско-бугарската стопанска комора, каде како што посочија засега се  праи  анализа за исплатливоста на летовите.

bulgaria-air-480x272„Заинтересирани сме за влегување на македонскиот пазар со воведување авиолинии што ќе овозможат директно поврзување на Македонија преку Аеродромот во Софија, со европските и светските метрополи, вклучувајќи го Апенинскиот полуостров (Шпанија и Португалија)“,изјави Марија Стојанова, комерцијален директор на бугарската авио-компанија.

На разговорите во Комората учествуваа и претставници на македонското Министерството за транспорт и врски, воздухопловните власти и компанијата ТАВ. Интерес за воведување чартер летови кон Црноморското крајбрежје пројавија и неколку туристички агенции од Скопје и Охрид.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1