Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го одржува 20. Конгрес на партијата
Дваесетиот конгрес на СДСМ само што почна. Во салата преполна со делегати заедно влегоа сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.
Делегатите според планираното денеска треба да дадат свое мислење и насоки за изборите кои ќе се одржат на 11 декември, за приоритетите на идната влада како и за коалициите што треба да ги создаде СДСМ пред изборите.
На конгресот ќе се обрати претседателот на партијата Зоран Заев кој по работниот дел, ќе ги соопшти и донесените заклучоци и одлуки на делегатите.