На регионалниот пат Удово – Валандово на поради прелевање на вода од Калковска река на коловозот има наноси од кал и камења, информира АМСМ.
На регионалниот пат Гевгелија – Смрдлива Вода- ски центар Кожуф поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдени големи количества на вода однесена е една коловозна лента од патот во дожина од 15 – 20 метри.
Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.