Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници


Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.

Верификациската комисија, пред да го достави Извештајот и предлогот за верификација на мандатите на пратениците го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) oд спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, врз основа на кој ги донесе својот предлог.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржра во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца.

– На претседателот на Владата и на членови на Владата на кои денеска им беше верификуван мандатот за пратеници цсогласно член осум став 1 од изборниот законик им преставуваат функциите во Владата. заради обезбедување констинуитет во работата на Владата на РМ според член 93 став 5 од уставот Владата останува на должност до изборот на нова Влада, рече претседателот на поранешниот состав на Парламентот Талат Џафери, кој ја водеше седнцата.

Тој појасни дека и на пратениците кои се носители на други функции кои според член 8 од изборниот законик се неспојливи со функцијата пратеник тие им престануваат.

Трета и четврта точка на оваа конститутивна седница се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија, но по овие точки, според најавата на Џафери, ќе се расправа кога ќе се создадат услови за тоа.

Седниците на собранието до избор на нов претседател ќе ги води Џафери, а во негово отсуство пратениците Горан Мисовски и Флоријан Бесими.

Функцијата претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница.

Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Македонија.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1