Концерт на Мерлин Менсон во Њујорк е прекинат откако два големи реквизита во облик на пиштоли паднале и го поклопиле контроверзниот пејач. Од бина го пренеле во болница.
– Лед, лед, донесете лед – извикувале исплашените посетители на саботниот концерт на Менсон (48), по инцидентот на сцената во Хамерстајн Балрум.
Додека пејачот и бендот, еден час по почетокот на концертот, ја изведувале песната „Sweet dreams“, се урнал дел од сценографијата и паднал врз Менсон, кој останал приклештен под реквизитите.
Портпаролот на Менсон потврдил дека пејачот е во болница, но наводно неговата состојба не е критична.