Маж со нож уби две жени на станица во Марсеј


Непознат човек денеска со нож уби две жени на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј. Веднаш по двојното убиство тој е ликвидиран од страна на припадници на француските безбедносни сили „Сантинел”. Идентитетот на напаѓачот сѐ уште не е познат.

Телевизијата БФМ наведува дека најверојатно се работи за тероризам. Дел од локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар”.

Обвинителството ја потврди смртта на напаѓачот.

Француската полиција на Твитер објави дека интервенцијата е во тек и ги предупреди граѓаните дека треба да се избегнува овој дел од градот.

На истата социјална мрежа, патниците известија дека имало пукање и паника.

Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб веднаш се упати на местото на инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1