Заменикот министер Диме Спасов цврсто застанува во одбрнана на вработените во Министерството за труд и социјална политика и граѓаните од грубата партизација која технички назначениот министер на СДСМ, Фросина Ременски се обиде да ја спроведе во оваа државна институција преку притисокот врз вработните одговорите на прашањата на граѓаните да ги даваат на цензура кај претседателот на партиската комисија за труд и социјала на СДСМ, Мила Царовска.
Медиумите веќе објавија дека Ременски за партиски цензор постави лице кое воопшто не е вработено во труд и социјала.
За да го спречи хаосот кој СДСМ се обидува да го инсталира во Министерството, заменикот Диме Спасов денеска како што дознава Press24 испратил известување до сите вработени во кое ги информира дека нивна право и должност е да не постапуваат по скандалозното известување кое им го прати Ременски.
„Ве информирам дека известувањето кое е испратено на 15 ноември 2015 година во 12 часот од страна на Наташа Методиева од кабинетот на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, а во кое незаконски ви се укажува Вашите одговори на барања на граѓани да ги упатувате на одобрување кај лицето Мила Царовска, лице кое не е вработено во Министерството за труд и социјална политика, нема НИКАКВА правна сила и ИМАТЕ ПРАВО И ДОЛЖНОСТ да не постапувате по него.
Исто така наведеното известување нема законски основ и форма и претставува прекршување на поголем број на законски одредби. Известувањето претставува груб обид за партизација на институциите и прекршување на правата и слободите на граѓаните, нешто што нема да го дозволам.
Постапувањето по тоа известување може да повлече законска одговорност.
Ве охрабрувам Вашите работни задачи, како и досега, да ги извршувате стручно и професионално, и да продолжите да работите во интерес на граѓаните, за што имате видливи резултати кои никој не може да Ви ги оспори.“ – стои во известувањето потпишано од Спасов.