Првата геј двојка Бари и Тони Друвит која во 1999 година со помош на сурогат мајка доби близнаци, лансираше интернет страна наречена „Првокладни донаторки на јајцеклетки“.
На оваа веб страна може да се пријават двојки кои се борат со неплодност, а сакаат да се информираат во детали за донаторите на јајцеклетки. Донаторките на јајцеклетки се фотографирани во многу провокативни пози, така што посетителот може лесно да помисли дека се наоѓа на сајт за спојување. Американците одлично реагирале на оваа интернет страна, на која има меѓуостанатите има и 12 жени од Велика Британија, модели и како и парламентарни истражувачи.
Една од жените кои донираат свои јајцеклетки изјавила: „Сакам да им го дадам на луѓето она што го имам. Убаво дете е најголемиот дар“. Јавноста во Велика Британија на ова бурно реагирала со коментар дека Организацијата за плодност и ембриологија не смее да го допушти ова. „На фотографиите може да се видат девојки во многу провокативни пози.
Заедно со името на сајтот, сето ова изгледа многу невкусно. Ова е нешто што Организацијата за плодност и ембриологија не смее да го дозволи, вели Лаура Витџенс, Извршен директор на Националниот фонд за добротворни донации. Причина која геј двојката одлучила донацијата на јајцеклетки да биде во Британија, а не во Америка е фактот што во Британија услугите за сурогат мајки се наплаќаат по 15.000 фунти додека во САД 20.000 долари повеќе.