Контроверзни информации за извештајот од обдукцијата на телото на Дениса


Информациите дека грчките надлежни органи ја завршиле ДНК- анализата  врз телото кое што беше пронајдено во водите од Егејското Море, а за кое постои сомневање дека е можно да е од исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, повторно емотивно ја разбрануваа прилепската јавност, јавува Сител
Пролонгирањето на официјалната објава на резултатите, за некои од сограѓаните на Дениса е уште еден обид  случајот “Дениса” што побрзо да се стави ад акта, и со тоа  да се заштитат извесни евентуално инволвирани страни во оваа мистерија за судбината на 23-годишната девојка.denisa
Ваквите свои ставови тие ги поткрепуваат со бројните недоречености и пропусти врз кои се темелела целата истрага од самиот почеток, па се досега.Според нив, родителите на Дениса, но и надлежните македонски органи задолжително треба да инсистираат на нови анализи, овде во земјава.
Инаку, според информации на Сител добиени од роднини на семејството на Дениса, родителите на девојката, кои денеска беа недостапни за јавноста, уште од синоќа биле информирани за тоа дека анализата е завршена и наводно, веднаш биле повикани во МНР во Скопје.
Нашите извори, кои од разбирливи причини инсистираа да останат анонимни, велат дека ставот на семејството е, независно од резултатите од ДНК- анализите направени во Грција, а особено ако се утврди дека тоа е телото на нивната исчезната ќерка, тие ќе бараат повторување на целата обдукциска постапка, овде во Македонија.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1