Корисни трикови за одбрана од комарци


Има неколку начини на кои можете да се заштитие од здодевните комарци:

320387_komarci-02-ifas.ufl.edu_ffЧад
Познато е дека комарците и другите летачки инсекти не можат да ја поднесат миризбата на изгорено ниту топлината на огнот, иако неговата светлина ги мами. Затоа ако сте во природа и правите скара дури и откако ќе завршите со печењето на месото, одржувајте мал оган кој ќе создава чад за да ги брка непоканетите гости.

Ракија
Доколку не ви пречи опојниот мирис на права домашна, лута ракија намачкајте се со неа по телото . Така сигурно ќе ги избркате комарците, но и крлежите.

Зачински билки
Сигурно веќе знаете дека босилокот е одличен против комарци, но исто така и нането, лавандата и рузмаринот со својата миризба ги бркаат комарците. Ако немате свежи билки можете да купите мешавина од сушени билки, го имаат истиот ефект.

Етерични масла
Етерични масла од невен, гераниум или еукалиптус се одлични сретства против вечерните напливи од комарци. Доволно е неколку капки од овие масла да капнете во некој сад со вода и да оставите да испарува, така мирно ќе спиете цела ноќ. Маслото од еукалиптус можете да го ставите и на кожата. Доволно е по една капка на зглобовите на рацете и комарците нема ни да помислат да ви се доближат.

Лимон
Исцедете еден лимон во литар вода и ете ви мирис од кој ќе бегаат комарците. Друг начин е веднаш во туширањето да го намачкате телото со лимон, така вие ќе мирисате убаво, а комарците нема ни да помислат да се вртат околу вас.

Fakulteti,mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1