Корисниците на Facebook ќе заработуваат од своите објави и видеа?!


Социјалната мрежа Facebook работи на нов проект со кој крајните корисници кои се редовно активни би имале можност да заработуваат средсва а во игра се неколку различни начини кои вклучуваат брендирани содржини, реклами и слично.

Меѓу останатите можности за заработка се и преку копчето “call to action”, со кое корисниците ќе ги искажат своите интереси и ќе ги повикаат своите следбеници да даваат донации и слично.facebook-money-500

– Се уште е многу рано да се каже нешто конкретно, но одлучни сме да направиме одржливи, долгорочни модели за монетизација на нашите партнери – изјави портпаролот на Фејсбук.

Ова би можело да биде голем чекор за Фејсбук, бидејќи корисниците објавуваат целокупна содржина, а компанијата ги задржува сите пари. Ако во иднина делат дел од огромното богатство со корисниците, може да се очекува зголемување на бројот на корисници и времето кое го поминуваат на социјалната мрежа како и квалитетот на содржините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1