Новиот коронавирус мутира како и другите вируси и сега има осум типови и циркулира низ целата планета, велат експертите.
Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни повеќе од познатиот , соопшти Тревор Бедфорд, чија страница NextStrain.org го следи геномот на вирусот користејќи примероци од целиот свет.
Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавија откако вирусот за прв пат се префрли од животно на човек на пазар во кинескиот град Вухан.
Нивната работа „покажува како вирусот мигрира и се дели на слични, но нови подтипови“, пишува USA Today.
„На прашањето дали генетски се менува, одговорот е апсолутно да“, вели епидемиологот од Харвард, Марк Липчич.
„Прашањето е дали имало некоја промена што го одредува правецот на болеста или преносот или други работи што се важни за луѓето“, додаде тој.
Новите типови само малку се промениле и нема разлика во опасноста со смртност, велат експертите.
„Забележаната стапка на мутација (околу два месечно) е доста честа појава за вирусите“, напиша Бедфорд на Твитер. „Грипот обично има ист број мутации, дури и малку повеќе“, додаде тој.
Додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како може да се запре неговото ширење и дали помага да се држат настрана луѓето, а се покажува дека тоа помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците.
Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.
„Може да се следат епидемиите,“ рече Чарлс Чиу, професор по инфектилогија на Универзитетот во Калифорнија. „Ние сме во состојба да го следиме геномот скоро во реално време за да утврдиме кои видови или типови циркулираат“, додаде тој.