Андон Јанев – Ќосето се сели во Сопиште. Минатата недела споменикот од пред судовите како дивоградба беше отстранет од службите на Град Скопје. Советот на Сопитише денеска на седница донесоа одлука споменикот да го постават во атарот на општината во која локалната власт е во рацете на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде и дојде предлогот за прелокација. Се чека Здружението на Сетинци, Попрадинци и Крошоради од Лерин, во чија сопственост е споменикот да го отстапи на општината.
Советниците се надеваат дека во рок од една недела ќе го донесат во општината. На ред потоа ќе бидат измена на локалниот урбансистички план и проект за постамент.
Одлуката е донесена по вербална расправија со четворицата советници на СДСМ кои гласале против одлуката.
– Сашко Стојановски, претседател на СДСМ- Сопиште… Ние не сме против поставување на споменик на оваа локација, но гласавме против бидејќи во моментов со блокирана сметка којашто ја има општината, неприфатливо е да се финансира постамент и слично и да се бара да се стави споменикот на Ќосето тука. Дополнително, сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци Албанци Турци. Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија.
Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ќосето нема биде на товар на општинскиот буџет.
– нема да предизвика финансиски импликации и слично, туку очекуваат донации, изјави Јане Мицевски, претседател на советот на Општина Сопиште.
Се очекува споменикот да биде поставен за околу шест месеци.
Ќосето од пред судовите се сели на Кружниот тек межу Сопиште и Сончев Град.
Андон Јанев-Ќосето, споименик излеан во бронза беше поставен во 2014 година како донација од граѓанскотот здружение. Работната група за анализа на проектот „Скопје 2014“ на актуелната Влада , почна со разгледување на документациите на три споменици – Ќосето, Мајка Тереза и Воин на коњ. Ова е првиот од спомениците за кој е утврдено дека се незаконски поставени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети дека кога ќе се врати партијата на власт ќе го врати споменикот на соодветно место.