Кошаркарот кој почина на тренинг во Охрид – починал од природна смрт


Американскиот кошаркар Камерон Мур, кој во вторникот, колабираше на тренингот на АВ Охрид, починaл од природна смрт, покажале резултатите од обдукцијата.

„Се работи за природна смрт којашто настапила синоќа околу 21.30 на терените на СРЦ ‘Билјанини извори’ во Охрид. Во момент на тренинг на кошаркарскиот клуб, нему му се слошило по што со возило на брза помош бил однесен во општата болница каде била констатирана смрт“, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.mur-kosark

Несреќниот кошаркар, во вторникот, го имал првиот тренинг со својот нов клуб, по едно забивање тргнал да се враќа на својата половина кога колабирал. Лекарите на итната медицинска помош само ја констатирале неговата смрт.

Камерун Мур е роден на 12 ноември 1990 година во американската сојузна држава Алабама. Четири сезони играл за колеџ екипа, а во 2012 година се пријавил за драфтот, но не бил избран од ниту еден ти.

Настапувал на летните НБА кампови по што во 2013 година се сели во Европа каде две сезони минува во италијанските клубови Казерта и Венеција. На 3 октомври тој пристигнал во Охрид каде требаше да му се придружи на локалниот кошаркарски клуб Охрид, но неговиот живот ненадејно згасна на првиот тренинг со екипата.

КК АВ Охрид изрази жалење за трагичниот настан и упати сочувство до семејството на американскиот кошаркарски интернационалец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1