Светската легенда Коби Брајант покрај бројните признанија од кошарката, од синоќа во својата колекција ќе го придодаде и најпрестижното признание во свестот на филмот, Оскарот.
Коби ја освои наградата Оскар во категоријата краток анимиран филм, кој е направен по инспирација од неговото проштално писмо при објавувањето на крајот на кариерата, а под наслов „Почитувана кошарко“.
Коби во краткиот фил се јавува во улога на продуцент и наратор во наградениот анимиран филм.
Брајант во најсилната лига на светот (НБА) играше цели 20 сезони, сите во дресот на ЛА Лејкерс, со кои освои пет шампионски титули. Во 2008 година беше избран за најдобар кошаркар во лигата, двапати беше најдобар стрелец и МВП на финалната серија. Има 18 настапи на Ол-стар натпреварите, а 15 пати беше во најдобриот тим на сезоната во НБА.