Петмесечно дете кое минатиот петок со тешки повреди на гениталиите е примено во Институтот за детски болести е во стабилна состојба, јавија црногорските медиуми.
Засега е неизвесно кога детето ќе биде отпуштено од болница.
Лекарите се сомневаат дека детето било изгризано од глушец или сторец.
За целиот случај се известени полицијата и Центарот за социјална работа кои би требало да утврдат дали се работи за негрижа кон детето.
Детето е едно од тројите на десетчлено семејстово кое живее во тешки социјални услови во Подгорица.
Од Центарот за социјални работи велат дека ова семејство до сега не било корисник на материјално обезбедување, и дека во своите надлежности преземаат мерки за ги остварат правата од областа на социјалнта и детска заштита.
-Според надлежностите се преземаат сите мерки за заштита на најдобрите интереси на децата, а центарот ќе направи се што е неопходно, велат од Центарот за социјални работи.