Кошулата на свекорот го открива убиецот на Јелена – Се јави човек кој ќе сведочи


Белградската полиција не ја исклучува можноста дека предметот со кој е убиена Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е фрлен во Дунав, и тоа во мочуриштето кое се наоѓа на спротивната страна од насипот на кој е пронајдено нејзиното тело, открива српски Курир.

Во полиција се јавил човек кој сакал да сведочи за убиството на Јелена Марјановиќ.JELENA 2

Тоа би можело да значи голем чекор напред во истрагата и пресврт во нов правец, зошто неговата изјава би можела да биде клучна и по три недели полицијата да ја доведе конечно до убиецот, објави Пинк.

Полицијата сега го стега обрачот околу убиецот и следните неколку денови би можело да се очекува негово апсење.

Полицијата и денеска ја чешла Борча како и населбата Црвенка, а претресуваше и една куќа која се наоѓа во близина на местото каде е пронајдено телото на Јелена и однесе велосипед и обувки од станарите на анализа.

Испрашани 15 луѓеJELENA

-Факт е дека крајниот исход од истрагата ни го отежнува тоа што се уште не сме го нашле предметот со кој е извршено убиството. Се сомневаме дека предметот е фрлен непосредно по убиството и ја пребаруваме секоја дојава и евентуално индиција каде би можело да биде. Поради тоа меѓудругото, минатата недела ги исушивме каналот од насипот, но тука не го најдовме.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1