Косово апси радикалисти – Македонија ги следи оние кои се бореле во Сирија


Koвската полиција уапсила 40-мина жители на Косово кои се потенцијална закана за безбедноста, а претходно биле дел од радикалните формации на ИСИС и Ал Нусра на боиштата низ Сирија и Ирак. Од тамошната полиција соопштија дека во голема полициска акција на 60 локации низ цело Косово се пронајдени и оружје, муниција како и експлозив. Овој регион се граничи и со Македонија, а неколкумина се уапсени во најблискиот град до македонската граница Качаник, пишува косовскиот весник „Експрес“.

ко-630x426Според истиот весник, целта на дел од овие, како што ги нарекува, терористи камикази е да извршат напади врз државни косовски институци. Групата требало да удри и на голем културен настан на Косово.

Досега според косовската полиција во Сирија и Ирак загинале 16 –мина косовски државјани кои се бореле на страна на исламистичките радикални структури. Двојно помалку, 8-мина загинати во Сирија се македонски државјани.

Од македонското МВР велат дека слушнале за утринската акција во Косово, но не коментираат. Има оперативни информации за граѓани кои биле на боиштата низ Сирија или во Ирак, но тие се проверуваат, а се следат и активностите на лицата за кои од пријателските тајни служби стигнале индиции дека се бореле во Сирија или Ирак.

На едно од видеата на ИСИС кој војува во Ирак има човек кој покажува македонски пасош и потоа го фрла заедно со останатите џихадисти. Засега нема податоци за кого станува збор и дали пасошот е оригинално издаден во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1