Косово и Албанија ќе се обединат


Во заедничкото интервју со заменикот премиер и министерот за надворешни работи на Косово Хашим Тачи за приштинската телевизија Клан Косова, Рама кажал дека обединувањето на Косово и Албанија има две можности и дека сѐ зависи од ЕУ.

„Првото обединување е во ЕУ, меѓутоа ако Европската Унија продолжи да ја затвора вратата за интеграцијата на Косово, тогаш двете земји ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“, кажал албанскиот премиер.Kosovo-14073

Рама кажал и дека „двете земји се заземаат за обединување преку членството во Европската Унија“.

Тачи кажал дека зборовите на Рама не се закана за ЕУ, туку дека станува збор за реалност што може да се оствари во иднина и која може да биде резултат на изолацијата на Косово од ЕУ.

Рама повторил дека е срамота што ЕУ не го завршува процесот на либерализација на визите за граѓаните на Косово, кои единствени во регионот ги немаат олеснувањата, а Тачи додал дека Косово веќе ги исполнило обврските што ги имало за либерализација на визите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1