Косово испрати ново барање за членство во Интерпол


Генералниот секретаријат на Интерпол потврди дека примил ново барање од Косово за членство во таа организација, пишува приштинскиот весник „Бота сот“.

Според весникот, висок претставник на организацијата изјави дека Генералното собрание ќе заседава во октомври во Чиле, но се уште не е позната агендата. Тој тврди дека апликацијата била испратена на 31 јануари.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли истакна дека е оптимист што се однесува до новото барање, но и дека членството на Косово во Интерпол „никому не претставува закана“.

Претходното заседание на Генералното собрание се одржи во ноември минатата година, кога е одбиено барањето на Косово за членство во таа организација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1