Косово со 100% царина за производите од Србија и Босна


Македонските трговци ќе ќарат поради зголемените царини од Косово кон Србија и Босна и Херцеговина. Сепак, тоа ќе биде само на краток рок. Косово за овие две држави воведе царината од 100 отсто царината за сите увезени стоки во државата. Тоа двојно ќе ја зголеми цената на производите од овие две земји.

Од Министерството за земјоделство велат дека може да се очекува македонските земјоделски производи кои веќе ги има на пазарот во Косово да бидат позастапени.

Како држава која што е членка во ЦЕФТА, не можеме да гледаме единствена можност и начин за изнаоѓање и осовојување на пазарите за извоз во регионот преку царински бариери. Конкурентноста на производите треба да биде единствен начин за застапеност на македонските производи на пазарите во регионот, вклучително и во Косово и Србија. Оваа состојба со зголемување на царините од една или друга земја не треба да го гледаме како можност за зголемен извоз на одреден пазар. Ова може да краткорочно, и не е решение за нашата конкурентност и застапеност на производите.

Србија во Косово најмногу извезува брашно, пченка и пченица. Според српските медиуми, поради ова погодени се над 2.600 српски фирми кои на тој пазар годишно пласираат стока вредна близу половина милијарда евра. Одлуката на косовската влада дополнилтено предизвика нервоза и во Европската унија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1