Косово воведе ембарго за македонските производи


kosovoКосово воведе ембарго за производите од Македонија. Строгата забрана се однесува на кондиторските производи, житните и млечни производи, за конзервирано овошје и зеленчук , алкохолни пијалаци и вино, како и тутун и производи од тутун од Македонија.

Македонските извозници на Косово ја информираа Стопанската комора при што од косовска страна е потврдено воведувањето на ембарго.

Причините за воведување на ембарго не се познати, но од Комората сметаат дека воведувањето на условниот увоз на пченица и брашно од 1 јули годинава од македонска страна може да биде причина за ваквото однесување на Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1