Косовските специјалци РОСУ ја зголемија состојбата на подготвеност, подготвени за етничко чистење на северот на Косово и Метохија, доколку Белград не го потпише договорот, пишува српски „Курир”.
-Косовскиот премиер Хашим Тачи ги подигна на најголем степен на подготвеност припадниците на косовска полиција РОСУ, кои се подготвени да тргнат во акција за протерување на преостанатите Срби од покраината, покажуваат податоците со кои располага државниот врв, пишува весникот на својот веб сајт.
Како што тврди изворот на српски „Курир” од врвот на власта, планот на Тачи е овој во случај Белград да не го потпише договорот со Приштина.
-Бидејќи ЕУ на преговарачите им даде рок до вторник да се одлучат за понудата на Брисел, албанските специјалци за 48 часа би можеле да тргнат кон Србите, пишува весникот.