Пратеникот во косовското Собрание од редовите на Демократската партија на Косово, Наит Хасани, изјави дека Косово треба да го искористи своето уставно право да донесе закон и да организира референдум за обединување со Албанија.
Тој кажа дека од поодамна барал од својата владејачка партија да работи на усвојување на закон што на граѓаните ќе им го даде правото да одлучат за своето обединување со Албанија, пренесе порталот Кошев.