Косовци на автомат вадат документи


Во главниот град на Косово, Приштина деновиве се поставени машини на кои граѓаните можат да извадат разни документи, како изводи од матичните книги или потврди за државјанство, без да мораат да чекаат редови и без какви било бирократски процедури.bankomat za dokumenti

Се што треба да направат граѓаните е да покажат личен документ, кој машината брзо го скенира. За надомест од едно евро, се добива печатена копија од потребниот документ, а целиот процес трае помалку од две минути. Машините работат 24 часа на ден, седум денови во неделата и тие треба да го олеснат животот на граѓаните.

Општината планира да го зголеми бројот на вакви машини во градот кој има околу 200.000 жители, но и растечки број на граѓани кои доаѓаат од дијаспората во летните месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1