Косовците од 2015 ќе патуваат без визи?


Министерот за евроинтеграции во Владата на Косово Беким Чолак, рече дека очекува во текот на следната година Косово да добие визна либерализација и да постигне значителен напредок во процесот на европска интеграција.

viza-630x376
“Косово е во завршна фаза на реализација на сите обврски кои произлегуваат од водичот за визна либерализација и очекувам до крајот на 2015 година да имаме конкретни резултати во таа насока”, изјави тој за приштинските медиуми.

Чолак додаде дека економскиот развој и создавањето на работни места остануваат главни предизвици во процесот на европската интеграција, со цел да се спречат појавите како што е илегалната миграција на граѓаните на Косово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1