Во ВМРО-ДПМНЕ објавија дека нивниот кандидат Kоце Трајановски е победник во трката за градоначалник на Скопје. Според нецелосните податоци од Државната изборна комисија, пак, тој освои 37,39 отсто од гласовите.
Зад него е Артан Груби од ДУИ со 27,11 отсто од гласовите, а Јани Макрадули од СДСМ е на трето место со освоени 18,70 отсто од гласовите, пренесува Дненвик.
Убедливо водство владејачката партија објави и во најголемите скопски општини – во Аеродром разликата во гласовите е 2:1 во корист на нивниот кандидат, во Бутел соодносот е 3:1, во Гази Баба нејзиниот кандидат водел со предност од 10.000 гласа, а во Kисела Вода е со разлика 3:1 во однос на противкандидатот.
Предност била остварена и во Шуто Оризари. Оваа партија наведува дека ќе има втор изборен круг во општините Центар, Ѓорче Петров и во Kарпош.
– Остваривме убедлива победа. Освоивме повеќе општини и поголема победа отколку што очекувавме – објави Илија Димовски, директор на партискиот Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Курир