Коце Трајановски: Не сум будала да одговарам за директор


Откако беше поднесена кривична пријава против екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, поради „злоупотреба на службена положба“, тој се јави со свој став.

Трајановски за „Фокус“ вели дека пријавата е неоснована, затоа што во тој период не се барала нострифицирана диплома.

– „Сметам дека неоснована е кривичната пријава. Таа пријава е од 2014 година и не разбирам зошто сега ја праќаат. Според законот за работни односи и законот за јавни претпријатија не се бара нострификација на диплома. Додека за администрација се бара нострификација. Човекот има завршено во Њујорк, ја има преведено на судски преведувач, ја има заверено на нотар, ја има доставено и ние сме го објавиле огласот согласно на законот. Така што нема основа и слободно можат да го прочитаат законот и да го видат“, вели Трајановски.

– „Ние во условите на огласот не сме барале нострифицирана диплома, затоа што според закон, не мора да бараме. Приговор за целиот случај може да даде само оној кој што конкурирал навремено, исправно. Мислам дека ќе се докаже дека пријавата е неоснована, законот е зад нас. И што? Јас сум будала за еден директор да одговарам. Не планирам да го направам тоа“, додаде Трајановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1