Коцијас на средби со македонскиот политички врв


На покана на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски во четврток во работна посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас.kozias

Во рамки на посетата, министрите ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот од имплементацијата на мерките за градење на доверба, како и за низа други теми од регионално значење.

Министерот за надворешни работи на Грција ќе се обрати и на амбасадорскиот совет, кој се одржува во Министерството за надворешни работи од 24-ти до 26-ти август 2016-та година на коj присуствуваат шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Коцијас ќе оствари средби и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1