Ковчег со кукла со ликот на Ердоган оставен пред турската амбасада во Москва


Млади руски активисти положија во петокот ковчег во кој лежеше кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган недалеку од зградата на амбасадата на Турција во Москва, во време кого во Русија расте гневот поради турското соборување на рускиот бомбардер за кое тврди дека е извршено над сириска територија, а Анкара одбива да се извини за инцидентот.erdogan_650x400_71448654393

„Челниците на партијата Родина (Татковина) денеска во близина на амбасадата (на Турција) положија ковчег со кукла на дување со ликот на претседателот Ердоган кој ја симболизира денешната турска политика“, објави партијата во соопштение.

Дваесетина активисти учествувале во акцијата во текот на која се положени и два букета цвеќе со натписите „На непријателите на Русија„ и „На марионетите на САД“, според соопштението што го пренесува AFP додека руските медиуми не му посветија внимание.

Оваа акција беше одржана во исто време кога во Новочеркаст беше погребан рускиот маринец Александр Посинич кој беше убиен од страна на туркменските бунтовници во Сирија – сириски државјани со турско етничко самочувство кои ги вооружува и поддржува Анкара –  во операцијата за спасување на пилотите од урнатиот руски „Су-24М“.

Градската управа на руската престолнина Москва не издаде одобрение за одржување на протестот пред амбасадата на Турција, а полицијата ги приведе двајцата организатора, но мораше да ги ослободи набрзо, бидејќи како пратениците во градскиот совет уживаат имунитет.

На црноморскиот полуостров Крим кој со референдум истапи од Украина и се присоедини кон Руската Федерација, во петокот е запалена кукла со ликот на Ердоган на главниот плоштад во Симферопол. Во Салекард, на рускиот Далечен север, на фасадите на неколку згради биле истакнати транспаренти со кои се повикува на бојкот на турските производи и патувањата во Турција, каде што само оваа година патувале околу пет милиони Руси, кои според некои процени во оваа земја потрошиле околу четири милијарди американски долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1