Политичарка од партијата на Путин загина во експлозија на бомба – ЈА АКТИВИРАЛ ЉУБОМОРНИОТ СОПРУГ


30 годишната Оксана Бобровскаја и нејзиниот сопруг Никита загинаа во силна експлозија на бомба во нивниот автомобил во Новосибирск. Пред да бидаткренати во воздух имале секс на задното седиште. Полицијата се сомнева дека бомбата ја активирал Никита кој ја обвинувал Оксана дека го изневерува со богат маж.Screenshot_212

Оксана била пратеник од партијата на Путин во регионот на Новосибирск но и помошник директор во позната градежна компанија. Експлозијата на семејниот автомобил кој бил паркиран во близина на компанијата во Новосибирск, одекнала доцна ноќта на улицата. Според сведоци, Оксана и Никита биле голи од половината надолу кога полицијата ги пронашла разнесени од бомба. Полициски извори тврдат дека пред експлозијата Оксана и Никита се карале поради неговите обвинувања дека таа има богат љубовник.

– Има една верзија, дека тој во рацете држел граната, вид на експлозив – пишува „The Siberian Times“.

Според анонимен полициски извор форензичната анализа покажала дека двајцата, пред експлозијата имале секс.

– Веројатно тој заканувајќи се со бомбата ја принудил на „брачните должности“ пред да го активира експлозивот – вели изворот.

Градоначалникот на Новосибирск Анатолиј Локот вели дека смртта на политичарката се должи на семејни проблеми.

– Не се работи за терористички напад – вели тој.

Сведоци на експлозијата велат дека глетката била ужасна. Евгенија Романова која живее во близина раскажува дека прво слушнала експлозија а потоа алармите на околните автомобили почнале да свират.

– Му реков на сопругот, сигурно почнавме војна со Турција. Потоа погледнав што се случило и не би сакала никој никогаш да види такво нешто. Обезглавени тела, крв насекаде, стакла…ноќна мора!

Никита бил поранешен офицер во уската војска, но останал без работа. Според одредени извори, тоа било причината за кризата во бракот.

Оксана и Никита оставија зад себе 4 годишна ќерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1