Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а некако географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, Министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното интервју за грчката телевизија Алфа
Вели доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име“.
-Мислам дека премиерот Заев изразува еден оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор точка по точка и кога преговараш точка по точка, во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение,што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене,но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор – објасни шефот на грчката дипломатија.