Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.
Коѕијас рече дека вчерашниот состанок започнал со прашањата поврзани со Македонија.
– Објаснив дека треба да биде сфатено во Скопје дека не постои никакво решение без прифаќање на Договорот од Преспа и дека не е можно да се случи она што го велат двете опозиции во Грција и во ПЈРМ, дека можат да обезбедат еден подобар договор, за секоја страна, бидејќи ова не е изводливо дури и со едноставна аритметика од основно училиште, рече шефот на грчката дипломатија.