Коѕијас: Проблемот со името ќе се решава по локалните избори


Преговори за името по локалните избори. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, синоќа во Њујорк потврди дека двете земји се на иста линија – решение за спорот да се бара кон крајот на годинава.

„Како што знаете до Октомври, соседната земја ќе се занимава со прашања поврзани со локалните избори. Потоа, мислам дека постои еден прозорец за можност, доколку се надмине иредентизмот, да разговараме за прашањето за името“, рече Коѕијас.

Дека преговорите со Грција ќе почнат до крајот на 2017-та, изјави и министерот за надворешни, Никола Димитров. Тој во интервју за Дојче Веле рече дека историјата не може да се смени, но може да се влијае на иднината.

„Сè уште не ги започнавме преговорите. Тие ќе започнат дефинитивно пред крајот на годината. Јас го правам она што мислам дека треба да биде работа на дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес“, посочи Димитров.

Грција е под притисок од САД да најде итно решение за спорот со Македонија, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски. Според него, подготвеноста на новата влада да се реши проблемот кој ни е наметнат е добар – но оти мора да се води сметка за долгорочните интереси на Македонија, бидејќи било каква грешка може да го уништи македонскиот народ.

Никовски смета дека локалните избори ќе бидат клучни за да се види вистинското расположение на народот, но доколку актуелната влада добие поддршка од народот, таа ќе добие и сила да прави непринципиелни отстапки, кои на крајот скапо ќе ја чинат државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1