Крадела по возови за да има пари за 20 љубовници кои ги имала


Една 25-годишна Индијка се исплашила дека ќе остане без своите 20 момци, па одлучила да ги води во скапи хотели и опсипува со вредни поклони, а за да може редовно да си го дозволува тоа, морала да краде.

Девојка од Мумбаи имала дваесет момчиња, кои се обидувала да ги усреќи, за да не ја остават. Поради страв дека често ги опсипувала со богати поклони и водела во скапи хотели. Со оглед на тоа дека работела како танчарка во бар, немала доволно пари за сите тие големи поклони, па се одлучила да краде по локалните возови.

Таа во своите злодела имала партнер со кого се добро испланирала. Заедно влегуваат во воз, и обично едниот започнува расправија со друг, додека другиот користејќи го одвлекувањето на вниманието, за тоа време краде златен накит.

Двојката била толку добро организирана, што повеќе пати и вешто скокале од воз и се криеле од полицијата. Меѓутоа, последната кражба тргнала наопаку, полицијата ги уапсила, па така се нашле зад решетки.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1