Извинете бев дете – вака го започнал писмото крадецот кој по 15 години се покајал и испратил писмо до луѓето кои ги ограбил.
Ги испратил и вратил и украдените златни прстени на семејството Рипхаген заедно со покајаничко писмо.
Девојката од чија тинејџерска забава биле украдени прстените требала да добие еден од нив. Тие и’ припаѓале на нејзината мајка која ги добила од својот сопруг – еден на свадбата, а еден кога им се родило првото дете. Другите два прстени припаѓале на бабата и дедото на младата девојка.
Девојката која требала да ги добие прстените го објавила писмото од крадецот на Фејсбук за да му се заблагодари за добриот чин. На семејството не му е важно кој ја извршил кражбата. Единствено им е драго што прстените се повторно во семејството.