На 88 год прв пат се вљубила и кажала ДА во старечки дом


Бети Џејн Олсхаус, 88 години од својот живот ги поминала сама, а потоа во старечки дом го запознала господин вистинскиот.
dt.common.streams.StreamServer.cls Оваа 88 годишна старица во текот на својот живот слушнала најразлични стории за љубовта. Од фактот дека ќе и се случи во моментот кога најмалку ќе очекува, дека се е во тајмингот, никогаш не се знае и многи други.
Растејќи во време, пред да осамените жени го редефинираат значењето на успехот во животот, веројатно е колку била запознаена со терминот „стара мома“.
„Не дека не излегував на состаноци. Имав голем број на додворувачи, но никој не ме запроси“, изјавила Олсхаусова.
А потоа го нашла вистинскиот. Тој се викал Волтер Лоуман, сопственик на истиот старечки дом во кој се вселила Бети Џејн, 10 години помлад од неа.
Се запознале неколку месеци пред нејзиното доаѓање. Волтер бил вдовец веќе 10 години и пристапил во трпезаријата и ја замолил да му се придрижи на вечера. Бети била изненадена затоа што, како што вели, повеќето од луѓето таму не разговарале меѓу себе.
„Претпоставувам дека тоа беше љубов на прв поглед за него, а и за мене“, изјавила во интервју за Питсбург трибјун.
„Следниот ден си помислив – Ова и не е толку лошо“, и продолжила да се грижи за него.

dt.common.streams.StreamServer1.clsПо шест месеци во разговорите за време на вечерата, Валтер бил подготвен за следниот чекор – оној кој Бети никогаш не го насетила.
„Му реков дека морам да размислам“, изјавила во насмевка. И требале 24 часа да размисли дали и по сите тие години самачки живот е подготвена за партнер. Потоа се запрашала „Зошто да не?“ Ќе имам еден пријател повеќе“.
Двојката стапила во брак во ноември минатата година.
„Никогаш не сум ги видела посреќни“, изјавил Малком Камерон, свештеник кој ги познавал повеќе од 25 години.
Тие веќе не чекаат да дојде времето за вечера за да се дружат.
„Се гледаме во своите соби за време и на другите оброци“, вели Бети која е во инвалидска количка, исто како и Волтер.
Нивната песна на свадбата беше „Some Enchanted Evening” од „South Pacific”.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1