Колумбискиот мафијаш Џовани Реболдо патентирал нов начин на бегање од рацете на правдата. Тој после бегството од затвор решил да го промени полот за да ја избегне казната затвор од 60 години. Но неговиот план се покажал неуспешен, колумбиската полиција немала милост и Реболдо, кој го користел името Росалинда е уапсен.
Реболдо кој бил бил член на бандата „Лос Топос“ минатата година е осуден на 60 години затвор поради киднапирање, кражби и изнуди. Тој и неговата банда користеле убави жени за да ги намамат богаташите, а потоа ги киднапирале и ги мачеле, барајќи од нив да им ги кажат броевите на кредитните картички и банкарските сметки.
Набрзо по пресудата успеал да побегне од затворот.
Направил пластична операција за промена на полот со цел да го избегне враќањето во затвор. Го оперирал лицето и ставил силиконски гради. Покрај тоа тој почнал да работи како проститутка во градот Баранкула на северот од Колумбија.
Но и покрај екстремната трансформација, полицијата во Росалинда го препознала Џовани за време на рутинска контрола и го уапсила.