Крадци се разнежниле: Украле пакетчиња, а потоа виделе за кого се наменети и ги вратиле


Група луѓе во Владивосток во Русија за време на Бадниковата вечер украле десетина пакети, а кога сфатиле дека тие се наменети за децата без родители, одлучиле да ги вратат во домот за незгрижени деца. Во Владивосток, на самиот исток од Русија, вечерта наспроти Божиќ бил обиен автомобил на една жена вработена во хуманитарна организација.Poklon

Крадците тогаш покрај нејзините лични работи, ги зеле и 55-те божиќни подароци наменети за деца без родители. Само неколку часа подоцна, пакетите биле пронајдени пред домот за незгрижени деца, прекриени со снег.

„Крадците веројатно се брзале и не обрнале внимание на тоа што се наоѓа во пакетите. Изгледа дека подоцна го виделе логото на нашата организација и сфатиле дека тоа требало да биде божиќно изненадување за децата без родители. Веројатно им проработела свеста, па ги вратија подароците“, изјавила претседателката на хуманитарната организација, Светлана Канија.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1