Родители внимавајте на вашите деца: Десет ампутации на прсти поради петарди


На Детската клиника во Нови Сад имале десетина случаи на ампутација на прсти поради повреда од петарди.

Лекарот Милош Пајиќ вели дека за време на новогодишните празници околу четириесет деца завршуваат во болница бидејќи петардите им пукаат во раце.petarde

– Имаше разни видови изгореници, вели Пајиќ.

Тој наведува дека најмногу деца доаѓаат на Клиниката пред Нова година, но додава дека повреди има се до февруари. Овие десет ампутации се однесуваат на минатата година, а од Клинката не наведуваат дали имале вакви случаи оваа година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1