Крај на агонијата – Државата ќе ја смести неподвижната тетовчанка


Во текот на денот лицето ќе биде сместено во  ЈУ Геронтолошки завод “13 НОЕМВРИ“- “МАЈКА ТЕРЕЗА“, при што трошоците за сместување ќе бидат сносени од Министерството за труд и социјална политика.

tetovo_bolna_zena

52-годишната Нина Диму синоќа беше згрижена во Клиничката болница во Тетово. Директорот на Болницата Флорим Бесими рече дека пациентката веќе е контактибилна и прима соодветна терапија.

Тој тврди дека и претходно Диму била лекувана во тетовската болница а во својот дом без да биде хоспитализирана била вратено од страна на Тетовската брза помош на што реагираа нејзините соседи.

Во текот на утрешниот ден Диму ќе биде сместено во  ЈУ Геронтолошки завод “13 НОЕМВРИ“- “МАЈКА ТЕРЕЗА“, при што трошоците за сместување ќе бидат сносени од Министерството за труд и социјална политика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1