„Тесла“ – нов можен гасовод низ Балканот


Министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Грција во септември би требало да потпишат меморандум за изградба на гасоводот „Тесла“ кој треба да го поврзе „Турски тек“ со Австрија, објавува рускиот весник „Вједомости“.gas

Гасоводот, кој е продолжение на „Турски тек“ на руската енергетска компанија Газпром,  треба да минува низ Грција, Македонија, Србија и Унгарија и да стигне до гасниот чвор Баумгартен во Виена.

Се предвидува гасоводот „Тесла“ да биде со должина од 1.300 до 1.400 километри и со капацитет од 27 милијарди метри кубни гас и да биде завршен до 2019 година. Неговата изградба би чинела од 4 до 5 милијарди евра, а Грција би можела да го продлжи и до Италија.

Гасоводот „Турски тек“, пак,  ќе има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас. Почнува од Русија и под Црното Море ќе доаѓа до Турција. Предвидено е да биде продолжен до гасниот чвор на турско-грчката граница. Доаѓа наместо гасоводот „Јужен поток“ од кого Русија се откажа лани во декември заради, како што беше посочено, неконстуктивниот став на Европската унија кон неговата реализација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1