Крај на драмата во Ресен: Киднапираната девојка вратена дома, еве што се случило


Осумнаесетгодишната Р.К. од Ресен, за која вчера МВР извести дека била грабната од нејзиниот дом, е вратена дома.

Според МВР, вчера во Полициската станица Ресен сами дошле девојката и грабнувачот, 20-годишниот У.В., кој бил задржан во Полициска станица.

Претходно таткото на девојката пријави дека ќерка му ја грабнал У.В. заедно со татко си и со уште неколку лица, кои дошле со два автомобили. Истиот ден беше приведен еден од возачите кој рекол дека не знае каде се девојката и грабнувачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1