Трговските центри во САД се затвораат како последица на неможноста за адекватно прилагодување на цените и куповната моќ на луѓето, како и изборот на продажба по електронски пат. Трговските центри се составен дел на американскиот начин на живот, од создавањето на потрошувачкото општество во текот на 50-тите години на минатиот век, оценува магазинот Слејт. Европа овој модел го прифати 20 години подоцна. Носители на популарноста на т.н. “шопинг молови“ се младите.
Но, по се изгледа дека времињата се менуваат, затоа што купувањето по електронски пат зема се поголем замав и тоа најмногу кај новата генерација, потиснувајќи го шопингот во трговските центри, кои најчесто од тие причини се затвараат.
Посетата на младите на американските трговски центри во последните 10 години опаднала за 30 отсто. Причината за се помалата посетеност на Американската младина на “моловите“ е и опсесијата за безбедноста, особено по терористичкиот напад во 2011 година и се почестото агресивно однесување во таквите затворени простори.
Во студијата се нагласува дека американската младина за прв пат откако се води ова истражување повеќе троши на храна и социјален живот, отколку на облека. Иако се уште е рано да се зборува за нова тенденција, во студијата се изнесува претпоставката дека младите поради кризата и намалената куповна моќ, можеби стануваат помалку зависни од брендираната облека.